Стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и за дистрибуција на земјоделски производи во Ресен ќе гради компанијата „Епл ленд“ од Дубаи, која даде најповолна понуда на јавното наддавање за откупување на земјиштето што е државна сопственост. Земјиштето е со вкупна површина од 61.433 квадратни метри. Почетната цена изнесуваше 61 денар за квадратен метар. Kомпанијата „Епл ленд“ понуди вкупна сума од 4,361.743 денари. Kомпанијата е должна во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба и да ги изгради објектите.
Стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и за дистрибуција на земјоделски производи во Ресен ќе гради компанијата „Епл ленд“ од Дубаи, која даде најповолна понуда на јавното наддавање за откупување на земјиштето што е државна сопственост.
Kако што информира Министерството за транспорт и врски, земјиштето е со вкупна површина од 61.433 квадратни метри. Почетната цена изнесуваше 61 денар за квадратен метар. Kомпанијата „Епл ленд“ понуди вкупна сума од 4,361.743 денари.
Kомпанијата е должна во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.
Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба и да ги изгради објектите.